По речиси осум часа присутност во судот  екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, осомничена за злосторничко здружување кое извршило изборна измама, го напушти Основниот суд Скопје 1 без никаков коментар. Сè се случува во најголема тајност, без истекување информации, без парадни приведувања , носења како што беше досегашната практика, и без притвори. Сепак распитите и обвиненијата не запираат, и веројатно ќе се наголемуваат.jankulovska-685x320-670x313

Судот ниту за Јанкуловкса, ниту за преостанатите четворица осомничени кои се појавиле на распит вчера не додели притвор, иако специјалната обвинителка Катица Јанева изречно го побара тоа, особено поради тоа што повторно се наоѓаме во предизборен период и објективно може да го повторат делото, да влијаат на сведоците, и меѓусебно да се договараат за исказите бидејќи сепак станува збор за обвинение за злосторничко здружување.

„Пред судија на претходна постапка од одделот за организиран киримнал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска на сослушување се јавија лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка.

По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството.

Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа.“ се вели во судското соопштение.

Распитот во Судот денеска траеше речиси осум часа. Новинарските екипи и фоторепортерите ги имаа покриено сите можни  излези од судот, а во неколку наврати имаше обид дел од осомничените кои биле на распит тајно да го напуштат објектот.

Екипата на НОВА ТВ објави дека забележале  автомобил во гаражите на судот, но веднаш штом ја забележале нивната камера, стражарите алармирале за присуството на новинари, по што автомобилот бил повлечен назад во гаражата.

Слични содржини