Интернет балон на Гугл летна над Шри Ланка

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Во Шри Ланка почнаа тестовите на интернет летачките балони на “Гугл”.4659275

Првиот таков производ, полетал од Јужна Америка, влегол во воздушниот простор на азиската страна вчера изутрина, објавија властите. Балонот на “Гугл” ќе пристигне на место подоцна оваа недела за да ги изврши неопходните проверки на далечинскиот управувач, ефикасноста на фреквенцискиот спектар и други технички детали.

“Project Loon” е проект на технолошкиот гигант за испорака на широкопојасен интернет во кој  балоните ја играат улогата на антени. Владата на Шри Ланка има 25% удел во иницијативата.

Островската држава не инвестира капитал, а во замена за учеството обезбедува слободна употреба на спектарот. Други 10% од проектот ќе бидат понудени на локални комуникациски оператори. Вкупно 3 ќе се балоните, кои во исто време ќе летаат над различни делови на Шри Ланка. Тие ќе летаат на нивото на авионите и речиси нема да бидат видливи за човечкото око. Садовите ќе можат да издржат до 180 дена во воздух, по што се менуваат и рециклираат.

Во Шри Ланка има 3,3 милиони мобилни и 630 000 стационарни интернет линии. Населението на државата е 20 милиони луѓе.