Државата денеска ќе се задолжи 3,6 милиони евра кај домашните кредитори.

Вчера, дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, изјави дека без негова согласност Министерството за финансии донело одлука за нова аукција на домашниот пазар за хартии од вредност, која треба да се одржи денеска.

“Дополнителниот заменик министер за финансии никогаш не барал вето за објавување на аукциите на домашниот пазар, туку заедничка согласност помеѓу министерот и дополнителниот заменик министер.

пари
Тоа е истата процедура, која министерот за финансии ја побара за задолжувањата на странските пазари и при што заеднички постигнаа согласност за преполовување на износот на еврообврзницата од 500 милиони на 250 милиони евра.
Впрочем министерот Ставрески по издавањето на еврообврзницата изјави дека сите во државата треба да бидат спокојни, затоа што се обезбедени доволно средства за сите буџетски потреби за 2016 година.
Министерот за финансии може да продолжи да се повикува на неправосилност на одлуката на Управниот суд и со тоа да продолжи да ја задолжува самоволно државата, иако е свесен дека одлуката на Државната изборна комисија е оспорена и постои првостепена одлука на Суд, со која истата е поништена.

Унгарија и Словачка сакаат заштита на Македонија и Бугарија, Полска и Чешка воздржани

Еден ден правдата, која е спора ама сигурна, ќе победи и оваа одлука ќе стане правосилна.
Прашањето е кој ќе ги плаќа спорните, непотребни задолжувања кои се прават во овој период.
Нема да дозволиме тоа да бидат граѓаните на Република Македонија.
Самоволното задолжување мора да престане за доброто на Република Македонија.”-посочи Наумов.

Од почетокот на годината се одржани четири аукции на домашниот пазар на хартии од вредност, со што државата се задолжила 78 милиони евра.

Слични содржини