policija-noke-520x358

На 16.02.2016 година во 20.20 часот на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје од страна на царински службеници, при детална контрола на багажот на лицето Р.Ј. (39) од Република Турција, во куфер пронајдено е дупло дно изработено со пластичен дел од друг куфер, во кое била пронајдена оклу 4.622 грама опојна дрога хероин. Лицето и багажот се предадени на Одделението за истраги при Царинската управа на Р.Македонија за понатамошна постапка.

На 16.02.2016 година во 18.00 часот на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје, при пасошка контрола, констатирано е дека лицето Н.С. (40) од с.Трубарево, скопско, евидира со мерка АПСИ. Лицето е лишено од слобода и во 19.45 часот е предадено на полициски службеници од ПС „Гази Баба“ за понатамошна постапка.

На 16.02.2016 година, во Скопје на ул. „Андреја Петковиќ“ В.С. на терасата од неговата куќа пронашол залутан проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Тетово поднесе кривична пријав против А.З. (26) од Тетово поради постоење основи нa сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога и психотропни супстанции“. На 03.09.2014 година во 13.15 часот во Тетово кај пријавениот и кај А.М. (23) од с.Ново Село полициски службеници пронашле 34,49 грама наркотична дрога марихуана.

Го тепале со секири, им ги земал и потоа тој ги истепал со секирите…

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против З.А. (56) од Кратово, управител на ДГР „Геом- Компани“ ДОО Радовиш и Ѓ.К. (55) од Радовиш – геодетски техничар во истата фирма поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. З.А. како одговорно лице, злоупотребувајќи ги своите надлежности, постапила спротивно на законот за катастар на недвижности, односно во неколку наврати издала одобренија за сеча за кои записникот за увид и премер на лице место го составувал Ѓ.К. и тоа за катастарки парцели кои се во сопственост на приватни лица или истите се необележани, односно во сопственост на Р.Македонија. Со овие дејствија на три лица им овозможиле да извршат сеча на 135 метри кубни огревно дрво и да се стекнат со противправна имотна корист од околу 524.722 денари.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А. (54), самостоен референт во Агенцијата за катастар на наедвижности во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. Во март 2012 година, во два наврати, пријавениот со цел да се стекне со противправна имотна корист на лице од Куманово за две катастарски парцели, со неутврдено право на сопственост, без никаков правен основ, внел невистинити податоци, ги заверил со свој потпис и ги внел во електронскиот систем на Агенцијата за катастар на име на лицето од Куманово.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д. (59) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 20.11.2015 година пријавениот на бензинска пумпа „Лукоил“ од Скопје при наплата на гориво пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоени од 500 денари.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.П. (40) од Штип поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ и „лажно претставување“. Пријавениот на 29.10.2015 година во Штип во менувачница пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоени од 100 американски долари, а кога вработениот се посомневал во валидноста на истата, пријавениот се претставил дека е полициски службеник, покажувајќи му легитимација, на што оштетениот му поверувал и му ја сменил банкнотата за иснос од 5.520 денари.

СВР Скопје подесе кривична пријава против Н.Ј. (46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување и оштетување на службен печат или знак“. Пријавената делото го сторила на тој начин што без согласност на соодветниот оператор на системот, во случајот ЕВН Македонија, на ул. „Македонско Косовска Бригада“, кај корисникот Б.И. ги отстранила државните пломби на електричното броило во сопственост на ЕВН Македонија АД Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист односно да не го подмири долгот на тоа броило и да не ги плаќа сметките.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Р. (28) од с.Ропотово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост“. Од страна на полициски службеници при претрес во домот на пријавениот пронајдена била надгобна плоча СТЕЛА која потекнува од локалитетот Градиште, атар на с. Дебреште, која пријавениот заедно со неговиот татко и брат ја извадиле од локалитетот и ја оставиле позади куќата .

Слични содржини