Украина: Кога олигарси ќе станат власт и ќе им истураат пари од странство, ќе мислат за народ или за богатење!?

од desk3
96 прегледи

Политичарите во Киев прокоцкаа огромен дел од довербата, вклучувајќи и во странство. Политиката е претворена во заложник на групни интереси, а во земјата се засилува чувството за безвластите, тврди DW.

0,,19052748_303,00

Арсениј Јаценјук мораше да си замине. Но украинскиот премиер издржува недоверба во парламентот и останува на функцијата. Неговата партија стои цврсто зад него, но за неа Јаценјук е како воденичкиот камен на нејзиниот врат ‘. Во сопствената коалиција премиерот веќе нема мнозинство. Дури и претседателот на земјата Порошенко, кој долго време се правеше дека владината криза не го засега, побара оставка на Јаценјук.

По неуспешниот интерпелација, најверојатно ќе го следат кадровски промени во владата. Повеќе од сомнително е дали тоа ќе ја поврати политичкото доверба кај луѓето, за да поверуваат тие дека е можно да се живее без корупција и интриги.

Играчка во туѓи раце

Премиерот Јаценјук стана играчка. За негова интепелација недостасува потребното мнозинство, но тој не располага и со поддршка на парламентот, за да продолжи да управува. Однесувањето на опозицијата за време на дебатата за недоверба беше цинична и деструктивна. Опозициските партии не ги поддржаа реформските напори на Владата, но не учествуваа исто и во гласањето на недоверба.

Рускиот патријарх очекува коренити промени во Европа поради потиснувањето на христијанството

Политиката во Киев е претворена во заложник на различни групни интереси. Земјата итно има потреба од нов почеток, но повторно ќе мора прво да се зафати со чистење на искршените парчиња. Довербата во реформистичките квалитети на владејачките се намалува драстично и во странство. А сега во прашање се нивните способности воопшто да управуваат државата.

Недостасува волја за реформи

Билансот е прилично мрачен: две години откако луѓето се побунија против олигархијата и корумпираниот режим на поранешниот претседател Виктор Јанукович, нетранспарентни структури ги влечат конците во украинската политика. Бизнисмени и политичари очигледно кројат нови планови како да наловат повеќе риба во матна вода на менувањето на власта во државата. Затоа и многу од реформистичкиот изблик пропадна во парламентот.

Во целата земја се чувствува недостиг на волја за реформи. Владата на Јаценјук сепак успеа да протурка некои промени – формирана беше нова патна полиција, реформирани беа банкарството и енергетскиот сектор. Но резултатите од овие неодамна отворени мерки се уште не се чувствува. Тоа важи најмногу за новата Агенција за борба против корупцијата, која уште не проработила целосно поради одолжувања од политичка природа. Сеуште се задржуваат промените во такви клучни области како правда, на пример. Особено кај судиите и обвинителите. Покрај тоа парламентот ја блокира реформата на даночниот систем, а планираната приватизација исто се најде во ќорсокак.

Довербата мора да биде освоена повторно

Европа и САД се уште ги поддржуваат промените во Украина – политички и финансиски. Овие партнери, и најчесто луѓето во Украина, очекуваат сепак конечно да бидат елиминирани корумпираните структури. Наместо тоа Украина тоне во владина криза. Арсениј Јаценјук освои недоверба, но речиси не е способен да дејствува како премиер. Петро Порошенко е исто така политички ослабен – го критикуваат дека не ги движи доволно енергично реформите. А сега пак и неговиот однос со премиерот Јаценјук конечно се промени.

Двајцата политичари сепак ја носат главната одговорност за тоа, Украина да ги исполни ветувањата за реформи. Западот веќе нема да дава никакви аванси. А намалената доверба треба да биде освоена повторно. И тоа нема да биде лесна задача.