Пиштол се поврзува со паметен телефон, оружјето ја препознава биометриката, информациите се контролира далечински од специјални центри – ова се новите технологии во производството на оружје, кои штитат од несакани истрели.
Бројни престрелки се вршат со оружје одземено од неговиот сопственик, затоа производителите се обложуваат на нова генерација огнено оружје, кои дќе ги препознаваат сопствениците. Во критична ситуација, сепак, токму новите технологии би можеле да се причина оружјето да не функционира. Пиштолите, кои препознаваат отпечатоци, може да се блокираат во повеќето критични моменти, а оружје со радио врска ги наметнуваат непријатностите да се носи нараквица, која не секогаш може да е кај сопственикот.
Се појави пиштолот Beretta PX4 Storm-i, калибар 9х19mm кој работи со мобилна апликација која се стартува од смартфонот на сопственикот. Апликацијата е поврзана со посебен центар на кој во реално време се пренесува преку безбедна врска информации за статусот на пиштолот, па во вонредна ситуација вработените на центарот, ги прифатќаат податоците веднаш да испратат посветен тим на местото или далечински да го блокираат оружјето, како и да откажат одржување.
Друга опција е технологијата за препознавање на рефлексивно однесување, која излегла во јавноста неодамна, но инаку одамна е развиена од Michael Recce, поранешен инженер од Intel. Таа се базира на тоа дека извршуваме повторувачки активности на ист начин секој пат, без разлика дали тоа е замавнување со стап за голф, потпишување, или стрелање со пиштол. Така пиштолот бива прилагоден да ги препознава движењата на сопственикот и да не пука кај друг тип движења.
Успехот на оваа нова генерација оружје би се состоел во заштитата на сопственикот на пиштолот, ако тој му биде одземен, како и во намалување на бројот на жртвите при масовни престрелки.
