Дали Лех Валенса-добитникот на Нобелова награда за мир бил шпион?

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Поранешниот претседател на Полска и лидер на синдикалното движење „Солидарност“ Лех Валенса, денес остро ги отфрли повторените обвинувања дека во текот на советската ера бил агент на комунистичката полиција.

leh-valensa

„Не можете да ги промените фактитр со своите лаги, тврдења и измислици“, напиша 72 годишниот Валенса, добитник на Нобеловата награда за мир.

Неговиот блог е одговор на соопштението на полскиот Институт за национално сеќавање задолжен за истраги за злосторства на нацистичкиот и комунистичкиот режим.

ИПН објави дека дошол до рачно напишан документ од 1974 година, кој се однесува на разговор меѓу полската тајна полиција и тајниот агент означен со името „Болек“.

Поедини историчари и политичари со години ова име му го препишуваа на Валенса, првиот претседател на Полска во посткомунистичката ера, иако ИПН не се занимавал со тие обвинувања, ниту извел други детали.

Бившиот министер на полицијата и сегашен за одбрана Антони Мачеревич во 1992 година објави листа од 60 лица кои се сомневаат дека биле агенти на СБ, вклучувајќи го и Валенса како „Болек“.

Валенса отсекогаш повторуваше дека се апсурдни обвинувањата и специјалниот суд ги отфрли во 2000 година, но гласините останаа.