Претседателот на Турција Реџеп Ердоган го осуди терористичкиот напад во Анкара и рече дека земјата ќе продолжи да се бори активно со “пионите” за реализирање слични напади, пренесува “Ројтерс”.
„Го осоудувам луто подлиот терористички акт во Анкара. Ќе продолжиме со нашата борба против тероризмот и внатре во земјата, така и надвор од нејзините граници. Оние кои вршат такви работи немаат никакви морални или хуманитарни принципи “, рече тој.
Претходно беше соопштено дека бројот на загинатите по експлозијата во турскиот главен град е зголемен до 28 лица, а на повредените – над 61. Властите ја определија експлозијата како терористички напад.
Поради случувањата турскиот претседател ја откажал посетата на Азербејџан. Ердоган требаше да пристигне утре во Баку, за да учествува на седницата на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу Турција и Азербејџан. Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу пак го откажал патувањето до Брисел, каде што требаше да учествува на средбата меѓу државните и владини раководители на 11 земји од ЕУ и Турција во врска со ситуацијата во Сирија.
https://www.youtube.com/watch?v=lgZcZHHTw4A