Основниот суд Скопје 2 Скопје демантира дека нивните судии се под лупа на СЈО и Јанева

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Основниот суд Скопје 2 Скопје ги демантира текстовите „Специјалните обвинители ја „чешлаат“ скопска двојка“, „Сведок: И судиите на Основен суд Скопје 2 под лупа на Катица Јанева“, „Специјалните обвинители го чешлаат и Основниот суд Скопје 2“, „Специјалното обвинителство ќе гони судии од Основен суд Скопје 2?“ и „Специјалните обвинители го „стегаат“ обрачот околу судиите во Скопска двојка“ објавени на ден 17.02.2016 година, од повеќе медиуми и веб портали.

26434mala

Ги демантираме наводите во текстовите дека „Според информациите на Сведок, покрај предметите, наводно истражителите веќе разговарале и со Претседателот на граѓанскиот суд“.

Имено, Претседателот на Основниот суд Скопје 2 Скопје, ниту бил распрашуван од страна на истражителите, ниту пак воопшто некогаш бил на разговор во Специјалното јавно обвинителство, а како што објавија повеќе медиуми. По однос на наводите во погоренаведените текстови дека „се очекува Специјалното јавно обвинителство да отвори постапки и против судии на Основниот суд Скопје 2 Скопје“.  За Судот не е јасно од каде произлегуваат и врз основа на што ги темелат овие наводи медиумите во своите текстови, бидејќи во Судот не постојат никакви индиции од било каков карактер дека ќе се превземаат било какви дејствија од страна на Специјалното јавно обвинителство врз Основниот суд Скопје 2 Скопје. Имено, Основниот суд Скопје 2 Скопје нема сознанија дека ќе бидат остварени било какви контакти со било кои судии при овој Суд, ниту пак дека е побарано судиите да даваат исказ пред Специјалното јавно обвинителство.

Сведок : И судиите од Основен суд Скопје 2 под лупа на Катица Јанева

Основниот суд Скопје 2 Скопје преку овој Демант им укажува на сите медиуми кои имаат објавено текстови од ваков карактер во иднина да не се впуштаат во шпекулации без воопшто да се обратат до Судот за да ги проверат информациите што ги објавуваат. Ова дотолку повеќе што Основниот суд Скопје 2 Скопје е секогаш траспарентен и отворен спрема медиумите во Република Македонија.  Со оглед на наведеното бараме овој демант да биде објавен соодветно, како што се објавени и текстовите во погоренаведените портали и медиуми.