Евро амбасадорот Аиво Орав кажа дека утре ЕУ и САД ќе ја претстават нивната проценка дали се исполнети условите за одржување кредибилни избори. На последниот ден кога треба да се договорат прашањата предвидени од Договорот од Пржино се засилуваат напорите да се постигне политички договор за медиумите-информира РСЕ.
Кој и зошто го крие случајот „Маѓар Телеком“?
Три од четири пакети во преговорите за медиумите се решени тврдат извори од ВМРО-ДПМНЕ. Претставниците на четирите политички партии потписници на Договорот од Пржино денеска попладне повторно се на заедничка маса во обид да се договорат за регулација на медиумската сфера, откако ноќта претходно завршија со мал напредок, но без договор. Посредникот Питер Ванхауте на Твитер напиша дека е можен компромис, но дека љубовта не доаѓа од една страна што имплицира дека партиите се уште не ги усогласиле ставовите.
Повеќе ТУКА
