Американската цвеќарка Сузан МекЛери изработува накит на кој се прицврстени живи растенија и цвеќиња и кој одговара за секоја пригода, а најмногу за венчавките.

Таа рачно ги избира и мести растенијата кои растат од 2 до 4 недели. Подоцна, можете да ги тргнете и да ги засадите во саксија. Затоа Сузан вели дека овој накит е прекрасен и симболичен подарок за невестите.