Состојки:
1 кг телешко бонфиле
3 лажици масло
2 лажички брашно
2 големи глави кромид
8 лукчиња
1 лажичка ким (по желба)
неколку страка рузмарин
250 мл црвено вино
250 мл телешко месо за супа
2 лажички мед
150 – 200 гр сушени сливи
сол и бибер по вкус
Подготовка:
Во тава загрејте го добро маслото и ставете го месото кое претходно сте го исекле на грутки. Затворете го од сите страни, а потоа додадете на него исечен кромид и лук.
Откако зеленчукот ќе оменке, додадете брашно, а малку потоа и од кимот, рузмаринот, црвеното вино, супа, сините сливи и медот. Измешајте добро и гответе на тивок оган. Послужете со гарнир по ваш избор.