Кога станува збор за сексапилни додатоци, Charlotte Olympia сигурно ги водат листите за креативност.
Од друга страна, провокацијата во долна облека е култен ракопис на Agent Provocateur – секоја сезона брендот претставува смели рекламни кампањи во кои дури учествуваше и Наоми Кембел.
Двете марки ги здружуваат своите напори во создавањето на првата колекција на долна облека за Charlotte Olympia.
Создавачката Шарлот работела и претходно со британската марка, а резултатот беа два модели чевли за соработката во 2012.
Новата капсулна линија се состои од три сета облека и три пара чевли, сите рефлектирачки на ерата на холивудскиот сјај – инспирација што е утврдена од создавањето и на двете марки.
“За мене беше задоволство да создадам прва колекција долна облека со Сара; и двете сакавме да направиме убава и одржлива колекција во времето, која ќе ги поддржува карактеристичните белези во дизајнот на двете марки. За чевлите беше важно моделите да можат да се носат како во спалната, така и надвор од неа “, изјави Шарлот.
Сите производи од капсулната колекција можете да ги видите во нашата галерија.