Се карате како куче и маче со партнерот? Потоа се зграпчувате, милувате страсно и имате најдобар секс! Не сте само вие – многу парови реагираат насилно на конфликтни ситуации. Во нерамнотежа со хормоните експлозијата може понекогаш да стане катастрофална.
Други парови пак како да не горат, туку тлеат во односите.
Научниците од Универзитетот во Илиноис спроведоа неодамнешна студија на 276 парови во средината на 20-те години. Резултатите покажале дека можат да се разликуваат 4 вида парови според начинот на развој на односите.
Драматични парови
Истражувачите веруваат дека драматичните парови се оние кои се под влијание главно од негативните искуства и зборови изречени од партнерот. Овој тип на парови имаат многу чести подеми и падови. Нивните односи се комплексни. Постојано едниот партнер се лути за нешто и го тера другиот да чувствува вина.
Потоа улогите се менуваат. Акцентот секогаш се става на негативниот настан од заедничкиот живот. Тие дури имаат тенденција да донесуваат одлуки базирани исклучиво на негативното.
Конфликтни парови
Конфликтните парови се секогаш оган и сулфур. Тие можат да запалат фитил за кратко време, да избувнат, понекогаш дури и повеќе од дозволеното, а потоа да подлегнат на страста.
Овие врски не траат долго според експертите. Партнери со сличен темперамент брзо губат интерес. Тие не се чувствуваат среќни. Се разделуваат постојано, а потоа се смируваат повторно додека не си нанесат нови рани.
Се разбира, експертите сметаат дека луѓето се менуваат со годините. Заедно со нивната сопствена промена се менува и односот кон партнерот.
Социјално ангажирани парови
Социјално ангажираните парови делат заеднички круг на пријатели и се повикуваат секогаш на нив. Тие донесуваат одлуки заедно, нивните обврски обично се заеднички.
Истражувачите веруваат дека таков тип парови многу често со времето стануваат пријатели повеќе отколку што ќе останат во љубовни односи. Добро е што кај нив пријателството навистина е многу силно. Како пријатели такви партнери се чувствуваат многу блиски и си го бараат друштвото меѓусебно.
Занесени еден во друг партнери
За да биде успешна една двојка, добро е партнерите да делат заеднички вредности и да се види во една насока. Нивните цели треба да бидат слични, што го крепи заедно нивниот пат.
Кај занесените еден во друг партнери тоа не е така. Секој од нив е проголтан од другиот. Не можат да прават ништо еден без друг, постојано треба да се заедно. Не можат дури и да донесуваат одлуки самостојно.
Ги прифаќаат обврските на другиот за свои, на тој начин ја игнорираат личност.а
Таквите луѓе се и многу пребирливи кон своите партнери. Тие тешко избираат соодветен придружник, а кога тоа ќе се случи, имаат многу барања кон него.