Oд луѓе вклучени во истрагата за „Титаник“ на Специјалното обвинителство БИРНдознава дека специјалните обвинители се интересирале за акцијата со која структури на ВМРО-ДПМНЕ наводно ја оспориле победата на Зоран Заев во првиот круг на локалните избори во Струмица, иако тоа не им успеало целосно.

jankulovska_01012013_g111-540x360

Ако се следи објавеното од „бомбите“ сѐ почнува со еден еуфоричен телефонски разговор, кој според СДСМ, е меѓу Јанкулоска и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Славе Гошев. Разговорот, според содржината, упатува дека се одвивал вечерта на 24 март 2013, по 19 часот, откако се затворени избирачките места по првиот изборен круг и откако почнале да се бројат гласовите.

Гошев рапортира дека нивниот кандидат за градоначалник, Васил Пишев, губи од Зоран Заев со 500 гласа разлика и предлага да направат инцидент за да има прегласување во трите избирачки места каде што сѐ уште не се избројани гласовите и каде што мнозинството гласачи се Роми.

Планот бил со прегласувањето да се намали цензусот и на тој начин да се осуети победата на Заев уште во првиот круг, a во вториот круг сите министри од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Струмица и да агитираат за Пишев.

„Шо да напраеме, ај кажувај“, се бара совет од Јанкулоска.

Во моментот гласачките места се затворени, маневарот е стеснет, меѓутоа, сепак, има предлог: „Не потпишувајте записници – приговори, нешто така, да се прегласа. Некое ливче нека снема!“, финишира разговорот.

Дел од она што го договараат гласовите на аудио снимката се остварува преку приговорите на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК поднесени од тогашниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски, кој исто така е еден од осомничените во случајот „Титаник“.

Владејачката партија веднаш по првиот круг го обжалила гласањето во три избирачки меставо Струмица, меѓутоа вредни за опсервација се причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ бара поништување на гласањето.

Интересно е дека сугестијата „некое ливче нека снема“ се остварила во буквална смисла, односно ВМРО-ДПМНЕ барало да се поништи гласањето на избирачкото место 1.727, бидејќи во гласачките кутии имало токму – едно ливче помалку од бројот на лицата што гласале.

Ваквиот инцидент, да има помалку ливчиња отколку луѓе што гласале, не е предвиден со Изборниот законик и тој ја санкционира само спротивната ситуација, кога има повеќе ливчиња во кутијата отколку луѓе што гласале. И покрај тоа, ДИК го прифатила овој приговор на ВМРО-ДПМНЕ и имало прегласување на ова место.

Повеќе од текстот на БИРН на следниот линк.

Слични содржини