Иако често се вели дека во 30-тите години сексот е најдобра комбинација на искуството и силата и енергијата, постојат работи кои значително поретко се споменуваат, па луѓето можеби се чувствуваат осамено во тешкотиите.

Потребно е подолго време за сексуална возбуда, но и за доживување на оргазам
Со оглед на тоа што нивото на половите хормони во телото се менува, се очекува дека сексуалното возбудување веќе не трае неколку секунди. Иако сексуалната стимулација доаѓа до мозокот, потребни се барем 5 до 10 минути за телото да се доведе во состојба на вистинска возбуда. Поради тоа, секако е подобро предиграта да трае подолго.
Оргазмот е почест
Ова првенствено се однесува на жените, кои почесто се задоволни од својот сексуален живот во 30-тите отколку во 20-тите години. Причината за почестите и повеќето оргазми е подоброто познавање на сопственото тело и поголемата самодоверба која овозможува и подобра комуникација со партнерот.
Хормоните влијаат врз гениталиите

Влијанието на хормоните, животниот стил, контрацепцијата и разните нарушувања поврзани со болести на тироидната жлезда, заморот, депресијата и стресот имаат влијание и на самиот сексуален живот. Имено, жените во 30-тите години поради нив можат да искусат потешко навлажнување на вагината, што не е причина за загриженост, туку едноставно треба да се истражат причините и да се олеснат работите со подолга предигра и евентуална употреба на лубриканти. Кај мажите може да се случи слична работа, можат да имаат послаба и поретка ерекција, што може да биде последица на уринарни инфекции, стрес и хормони.

Факт е дека луѓето поретко имаат секс кога ќе влезат во доцните 30-ти години, но тоа не мора да значи дека е лоша работа, бидејќи е последица на разни обврски, родителство и хормонални промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека повеќе од 70 отсто од мажите и жени сметаат дека сексуалниот живот им станал поквалитетен, сексот не се „одработува“ туку сметаат дека повеќе уживаат во него, како и дека во него се внесуваат повеќе емоции.