Скајп воведува групни повици на мобилен

од desk4
66 прегледи

download (21)

До 25 корисниици во група ќе може да комуницираат преку Skype  апликацијата на мобилен телефон и тоа бесплатно.

Најавата за групни Skype разговори почна да се реализира и од вчера корисниците на Android телефони, iPhonе или iPad кои имаат инсталирано Skype на својот уред ќе можат да разговараат со повеќе пријатели наеднаш.

Надградбата најпрво е достапна во Северна Америка и Европа, а според најавата сите корисници на овие пазари би можеле да ја користат функционалноста за околу една недела. Остатокот на светот ќе може да ја користи оваа услуга на крајот на следниот месец.

Разговорите ќе бидат HD и оптимизирани за уредот на корисникот. Корисникот кој зборува во моментот ќе биде истакнат, а со помош на SILK Super Wide Band сите ќе можат да бидат јасно слушнати, ова може да биде неопходно со оглед на тоа дека Skype го зголеми бројот на учесници во видеоразговор од 5 на 25.