Кога државата е корумпирана, а мафијата хара – Мексиканците ги преземат работите во свои раце

од desk3
73 прегледи

Тие се чувствуваат напуштени во нерамната борба против криминалот и корупцијата. Тоа ги тера Мексиканците да создаваат единици за самоодбрана. Многумина се убедени дека самата власт е заинтересирана да има хаос-пренесува DW

0,,19037201_303,00

Опожарените автомобили и целокупната слика на опустошувањата зборуваат елоквентно за војната меѓу наркокартелите во мексиканската држава Мичоакан. Пред околу една година во градот Апатсинган, северно од Мексико Сити, полицијата застрела 16 лица за време на мирни демонстрации против наркокартелите. Овој инцидент само ја зајакна недовербата на локалното население во државните институции.

“Владата секогаш работела против нас”, уверува 52-годишниот работник Хозе Алфредо Монтеро, кој се ангажирал како волонтер во “Autodefensas” – граѓански одред за самоодбрана. “Не го сакам оружјето, но бев принуден да направи нешто, бидејќи никој не се грижи за нашата безбедност”, вели тој.

Супериорна визуелизација во театарската претсатава „Мајсторот и Маргарита“

Работникот ја обвинува полицијата, правосудството и локалните власти дека играат во еден тим со организираниот криминал: “владетелите за мене се како вампири. А вампирите се плашат од светот. Тие преферираат темница”, додава Монтеро.

0,,19037202_404,00

Секоја вечер по темно тој и неговите истомисленици излегуваат да патролираат по улиците на градот, недалеку од морето, главниот град на државата Мичоакан. “Се движиме со свои автомобили. По три лица од секоја општина се одговорни за организирање на ноќните патроли”, раскажува Монтеро.

Широка јавна поддршка
Волонтерите имаат поддршката на локалното население и различни организации, вклучувајќи и на Католичката црква. 58-годишната Рита Круз Валдес е задоволна што постојат волонтерски единици: “Знаете ли како е малолетната ќерка да се плаши да излезе на улица и да плаче, бидејќи видела како вперуваат пиштол во главата на нејзиниот татко? Затоа луѓето базираат единици за самоодбрана “, вели жената.

За мексиканското влада овие граѓански формации се закана, бидејќи го поткопуваат авторитетот на државата и создаваат паралелна власт. На некои места се слушаат и обвинувања дека одделни единици за самоодбрана одржувале блиски односи со наркомафијата. Рита Валдес не го дели ова мислење. “Дури кога ќе се увериме дека Владата не е корумпирана и работи ефикасно, ќе и се довериме повторно”, вели Валдес.

0,,19037204_403,00
Колебливи активности на власта
Државата Мичоакан, како и целата земја, засега се премногу далеку од таа цел. Од 2006 година наваму, во војната меѓу наркокартелите загинаа повеќе од 70 000 луѓе, огромен број луѓе се исчезнати. Корупцијата во правосудството и меѓу полицијата е еден од најголемите проблеми на Владата на претседателот Енрике Пенјао Нието.

Единствениот поголем успех неодамна беше поврзан со задржувањето на избеганиот од затвор наркобарон Хоакин Гусман – Ел Чапо. Неизвесено е дали тоа ќе биде доволно за да се врати довербата на луѓето во државните институции.
Мексиканскиот епископ и заштитник на човековите права Раул Вера е убеден дека проблемот е значително посериозен. Тој ја обвинува централната влада дека со помош на организираниот криминал и полицијата врши целосна контрола над граѓаните и на тој начин ја цементира својата власт. Затоа тој инсистира на радикална промена – да биде усвоен нов устав кој ќе ја стави државната власт на нов, демократски фундамент.