Хетеросексуалност, хомосексуалност, бисексуалност, транссексуалност . Каква и да е сексуалноста, таа е дел од животот на сите луѓе. Па, на речиси сите. Има и такви кои се определени како асексуални .
Но, не помислувајте дека асексуалноста значи апстинанција. Овој термин нема никаква врска со заветот за негација од телесното задоволство.
Што значи да си асексуален?
Асексуалните луѓе едноставно не го доживуваат сексуалниот нагон кон кој и да е од двата пола. Тие немаат никаква потреба од секс. Не се воздржуваат поради некакви предрасуди. Не се откажуваат од врските и бракот, бидејќи се религиозни или поради друга причина. Тие едноставно немаат потреба да имаат секс.
А имаат ли секс во таков случај?
Чудно е дека да – имаат секс. Не сите, се разбира. Има и такви кои на никаков начин не се во искушение од телесните задоволства.
Но, има многу асексуални луѓе кои имаат секс од една или друга причина. Најчесто меѓу причините се желбата да имаат деца, да го задоволат партнерот сексуално, иако се привлечени од него само емоционално.
Асексуалните луѓе доживуваат привлечност кон други, но тоа е само и единствено на психичко и емоционално ниво.
Сексот е начин да се изразува љубов кон човекот и асексуалните луѓе го прават само затоа што тоа така е прифатено – така прават сите останати луѓе.
Значи ли тоа дека асексуалните луѓе имаат романтични врски?
Да, понекогаш. Едно истражување објавено во официјален документ специјално за Неделата на разбирањето на асексуалността (Asexual Awareness Week), што се одржува во октомври, вели дека асексуалните луѓе може да имаат истовремено и романтични и сексуални врски и ориентации.
Некои од овие врски и привлекувања можат да бидат насочени како кон спротивниот пол, така и кон истиот.
Неделата на разбирањето на асексуалноста се одржува од 2010 година, а нејзин основоположник е Сара Бет Брукс.
Од оваа причина, асексуалните луѓе имаат романтични врски можат да бидат дефинирани како хоморомантични асексуалисти и хетероромантични асексуалисти.
Од оваа констатација треба да се нагласи дека асексуалните луѓе може да имаат целосни врски.
Единствено што тие не вклучуваат е сексот. На секое друго ниво овие луѓе се чувствуваат успешни.
Се смета дека околу 1 на 100 од населението се дефинира себеси како незаинтересирано за сексот или асексуално.