Песна за репресијата на Јосиф Сталин над Кримските Татари ќе ја претстави Украина на овогодинешната “Евровизија” во мај во Стокхолм.
Во неделата вечерта локалниот конкурс беше освоен од Кримската татарка Сузана Џамаладинова со песната “1944”.
Имено во 1944 година Сталин започнува масовно иселување на ова малцинство од Крим кон Централна Азија. Илјадници умираат во преполните возови или од глад во степите. Татарите добиваат дозвола да се вратат на полуостровот дури во 80-тите години на минатиот век.
Текстот на песната не влијае на анексија на Крим од Русија во 2014 година, прецизира АП.
Кримската Татари кои се турско и главно муслиманско малцинство, се жалат дека по анексија на полуостровот односот кон нив е влошен.
