На 97 годишна возраст, почина легендарниот британски пилот Ерик Браун, носител на неколку недостижни светски воздухопловни рекорди.

Браун е роден во 1919 година во Шкотска. За време на Втората светска војна постигнал големи достигнувања. Негов е рекордот од 2407 слетувања на авиони, а при обидот да го подобри американскиоѕ пилот добил нервен слом пред да слета 1600 пати.
Другиот светски рекорд му се летови на 487 вида авиони и кој најверојатно ќе остане ненадминат, бидејќи сега се градат помалку типови.
За првпат полетал само на 8-годишна возраст: неговиот татко, пилот од Првата светска војна во Кралските воздухопловни сили, го зел со себе во лет на биплан. Бидејќи авионот немал втора кабина, момчето седело на татковите колена.
Најмногу непријатни му биле летовите на германскиот ракетен борбен Ме 163. Ерик Браун е удостоен со многу високи награди, меѓу кои и Орден на Британската империја. Додипломски студииз завршил во ВВС на Кралската морнарица во 1970 година, потоа бил генерален директор британскиот Советодавниот совет на авијацијата, а во 1983 година станал претседател на Кралската воздухопловна компанија.