Турчин депонира судска тужба против сопругата за навреда на претседателот Реџеп Ердоган, објавија локалните медиуми.

Турчинка ќе лежи речиси една година во затвор за експлицитен гест кон Ердоган.
40-годишниот возач на камион Али ја предупредувал сопругата постојано да не го навредува претседателот. Таа сепак продолжила со потценување и да зборува негативно за шефот на државата.
Во својата жалба мажот напишал дека жена му, со која склучил брак пред три години, коментирала лошо за претседателот, или го менувала каналот кога тој ќе се појави на телевизија.
Засега не е јасно дали ќе има и за кога ќе биде закажано рочиште за случајот .
Според други локални медиуми 38-годишната жена веќе поднела барање за развод.
Семејната драма се одигрува во време на зголемена загриженост за недостаток на слобода на изразувањето во Турција. Во земјата има случаи на новинари, блогери и дури на ученици кои се соочуваат со суд за навреда против Ердоган.