Падот на Шенгенот би чинел 470 милијарди евра

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Колапсот на безвизната шенген зона би ја чинело Европската унија до 1.400 милијарди евра во наредната децеинија, се наведува во анализата на германската фондација  „Бертеслем“. Доколку повторно се воведе контрола на границите на Унијата, Гермнија како најголема европска економија би имала издатоци дури од 235 милијарди евра меѓу 2016 до 2025 година, а Франција до 244 милијарди евра- се наведува во анлаизита. Според поумернето сценарио, кога трошоците за извоз би се зголемиле за еден насто крајот на Шенгенската зона би ја чинело Унијата 470 милијарди евра во наредните 10 години.

266378_89345947

Студијата дојде до овие податоци откако се истражуваше функционирањето на работата пред воведувањето на Шенген зоната. На границите подолго се чекало поради порвеката на патните исправи, а чекањето на крајот занчи и повисока цена на трудот за фирмите. Сето тоа пак доведува до помала конкуретност на интарнционалните пазари, што исто така го намалува извозот и сето тоа доведува до намалување на инвестициите, а крајниот резултат е послаб економски раст.

Шенгенската зона е втемелена пред 3 децении и моментално 26 земји се опфатени во целот во овој ситем. Овој бизвизен систем се најде под удар на остри критики поради големиот прилив на мигранти во Европа, којшто масовно доѓаат од Блискиот Исток.

david-sapsted-11-d2-2015-7878-schengen-under-threat-in-wake-of-paris-attack-_6412_t12
„Австрија одлучи привремено вон сила да ги стави шенгенските правила и ќе споведува зајакнати гранични контроли“, рече Вернер Фајман, австриски канцалар.

„Владата сериозно ги разгледува сите можности и нема да дозволи Шенгенот да се урне“, изјави Жан Клод Јункер, ЕК.

Пред три месеци уште 8 земји членки од Шенген зоната одлучија да спорведат зајакнати контроли на границите со објсанување ако Унијата не успее да ги обезбеди  надворешните граници, тогаш тоа под знак прашалник ќе го стави функционирањето на проектот на отворени граници – поради тоа секоја земја мора да ги контролира своите граници.