Џихадистите на Исламската држава успеаја да го пресечат главниот пат во градот Алепо на североисток на Сирија на силите на претседателот Асад кои го користеа за снабдување, соопшти денес Сириската опсерваторија за човекови права.

Во соопштението се наведува дека во тек се борби на југоисточните приоди на Алепо, кои се поделени меѓу сириската војска и бунтовничките сили, како и на подрачјето на градот Канасер.
Алепо, е најголемиот град во Сирија и некогаш комерцијален центар, поделен меѓу владини и опозициски сили,додека Исламската држава го држи источното предрагидие на градот.
Последната недела во тој град се одвиваат жестоки борби, откако силите на сириската војска почнаа офанзива за да ги пресечат патиштата кон упориштата на бунтовниците.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=149&v=0vLQ0x7bosA