Гневот на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер можеби е предизвикан од тешки деформации на гениталиите. Ова го покажуваат новите историски сведоштва, пишува “Сан”.
Познати се медицинските истражувања по апсењето на Хитлер во 1923г., Според кои тој имал крипторхизам. Тоа значи дека едниот тестис му бил “заробен”. Нови документи покажуваат дека гениталиите на Фирерот биле уште подеформирани. Тој имал хипоспадија што во неговиот случај се изразувале во неразвиен микро пенис.
Во новата книга “Последниот ден на Хитлер: Минута по минута”, историчарите Џонатан Мајо и Ема Крег пишуваат за состојбата на лидерот на Третиот Рајх, како според нив тајната е чувана внимателно. “Се смета дека Хитлер имал две форми на генитални дефекти -” заробен “тестис и хипоспадија, при што морал отворот на уретрата да е во долниот дел на пенисот”, пишуваат тие.
Познато е дека Фирерот се плашел некој да не го види гол и никогаш не станал татко, иако сакал од Германците да ја зголемуваат ариевската раса. Неговиот личен лекар, Теодор Морел му препишувал на Адолф амфетамини, хормони и кокаин, со цел зголемување на неговото намалено либидо и некаков сексуален нагон спрема неговата сопруга Ева Браун. Се смета дека урологот ја има документирано деформацијата на фирерскиот пенис. Германскиот архитект Алберт Шпеер, одговорен за колосални градби од времето на Третиот Рајх, по Втората светска војна тврди дека Хитлер не може да се опише како “сексуално нормален”.
Популарно е и забавно британското стихче напишано да го крева моралот во воените времиња. “Хитлер има само еден ташак / Геринг има два, но многу мали / Химлер исто е така, а Гебелс воопшто нема мадиња.” И покрај деформираните гениталии, други историски докази покажуваат за големата сексуална харизма на Фирерот. Во нацистичката машина имало оддел кој специјално се занимавал со писмата на Хитлер од обожавателки.