Карактеристиките и подобрувањата на новиот Galaxy S7

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Во текот на викендот “Самсунг” (Samsung) ја оствари долгоочекуваната премиера на смартфоните “Galaxsy S7” и “S7 Edge” на саемот “Mobile World Congress” во Барселона. Новите уреди ќе излезат на пазарот во повеќето земји на 11 март.4673608

На изглед “S7” е сличен со својот претходник “S6”, но има некои значајни внатрешни надградувања. Од “Самсунг” увеле сериозни подобрувања во камерата која поддржува поширок отвор и “dual pixel” технологија. Ова ги подобрува сликите при помала светлина и побрзото фокусирање. Двата нови телефона се целосно отпорни на прав и вода. Во теорија тие можат да бидат потопени за 30 минути на длабочина од 150 см, без тоа да им наштети.

Важно функционално подобрување е дека шорткатите ќе можат да се менуваат од корисниците, па пристапот до омилените апликации да се олесни. Екранот ќе биде постојано вклучен, за да не се наметнува отклучување за увид на основни информации – часот, известувањата за нови пораки и друго. Функцијата е оптимизирана, така што нема да влијае на потрошувачката на батеријата.

Смартфонот има MicroSD слот за картичка, систем за внатрешно ладење и зголемени технички карактеристики. На овој начин игрите ќе личат на компјутерските, повторно без тоа да влијае на батеријата премногу.

Смартфоните ќе доаѓаат со оперативен систем “Android 6.0 Marshmallow”. Екраните им се 5,1 инчен со резолуција 2560х1440 пиксели. Внатрешната меморија е 32 или 64 гигабајти. Камерата е 12 мигапикселна, а батеријата има издржливост 3000 милиампер часа. Процесорот е “Qualcomm Snapdragon 820”, а повторно според регионот е можно уредот да го има новиот “Exynos” чипсет, сопствено производство на “Самсунг”.

Телото ќе се нуди во бои: црна, оникс и платинесто-златно.

За време на презентацијата “Самсунг” го снабди секој од присутните со очила за виртуелна реалност “Gear VR”, на кои беше прикажана презентацијата.

Заедно со новите смартфони корејскиот производител претстави и “Gear 360” – камера со големина на тениско топче, која овозможува снимање на 360 степенско видео и фотографии со висока резолуција. Камерата е технички интегрирана во “S7”, а корисниците ќе можат да гледаат и споделуваат 360-степенски слики во нивните телефони. Шефот на “Фејсбук” Марк Цукерберг направи ненадејна појава на настанот и соопшти дека социјалната мрежа и “Самсунг” ќе работат заедно за да ја претворат виртуелната реалност во социјално искуство. Очилата “Gear VR” ќе доаѓаат како бесплатен додаток за луѓето кои ќе ги нарачаат однапред “Galaxy S7” или “S7 Edge”.

На крајот, новиот телефон не е револуционерен уред, но има значајни подобрувања во споредба со својот претходник, коментира британскиот весник “Индипендент”.