Димовски до СДСМ: На 5 јуни со вас или без вас граѓаните ќе го изберат новото парламентарно мнозинство

од desk4
77 прегледи

Во тек е  95. седница на Собранието со точка на дневен ред Предлог на одлука за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Ilija-Dimovski-Sobranie1

–  Од народот нема да избегате. Народот ќе си дојде по своето и ќе го врати суверенитетот на државата. Вие само продолжете со вашата  срамна и понижувачка политика. На 5 јуни, со вас или без вас граѓаните ќе го изберат новото парламентарно мнозинство – од собраниската говорница рече координаторот на пратеничката група на  ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски .