Новиот “Мерцедес-Мајбах S-Guard” може да издржи ракетен напад

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Новиот “Мерцедес-Мајбах S-Guard” е првата цивилна кола со рејтинг на балистичка заштита VR10.4676276

Автомобилот ќе се користи дури и од Федералната служба за криминални истраги во Германија. Автомобилот обезбедува заштита од куршуми од армиран челик, како и од РПГ-гранати. Подот е исто така засилен оптимално и на тој начин се обезбедува заштита и против експлозиви, кои можат да бидат детонирани под возилото. Дополнително, специјалниот “Maybach” доаѓа со run-flat гуми кои можат да издржат доволно долго при евентуално пукање.

На изглед лимузината е како претходните “Maybach S 600” модели, па поголемата безбедност е веќе достапна со елеганција и стил. Обично елементите вклучуваат навалени задни седишта и посебен фрижидер за пијалоци, оптимизиран за шампањ. Моторот е исто така познат – 6-литарски, 12-цилиндричен и со 500+ коњски сили. Автомобилот во кој главен акцент е безбедноста, е очигледен избор за влади или тајни агенти, така и за криминалните босови. Од “Мерцедес” се обврзаа да  ја спречат последната опција со тоа што ќе ги проверуваат сите можни купувачи.