Социјалната мрежа “Фејсбук” пушти пет нови надополнувања на “ми се допаѓа”, кои ги одразуваат емоционалните нијанси, најчести кај корисниците.
Иновацијата која во октомври минатата година беше тестирана во Ирска и Шпанија, веќе е во употреба и во остатокот од светот, вклучително и во Македонија. Значи од денес, освен “ми се допаѓа”(like), ќе можат да се изразат емоциите “лут”, “тажен”, “сака” (love), “wow” и “ха, ха”.
Во септември минатата година шефот на компанијата, Марк Цукерберг вети проширување на арсеналот од можни одговори и коментари на слики и пораки на социјалната мрежа.
Но, раководството на компанијата категорично одби да воведе копче “не ми се допаѓа”, за да се избегнат премногу негативни коментари во мрежата. На вљубените “Фејсбук” им воведе посебно копче срце, дупчење од стрела, со која ќе можете да им испраќате љубов на роднини и пријатели.