(ВИДЕО) Ванхауте: Убаво е да си турист во Скопје

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Олеснувачот на преговорите, Питер Ванхауте не сакаше да одговори дали ќе биде сменет по ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека тој за нив е само турист, ниту пак дали продолжуваат преговорите за медиумите.

Screenshot_128-685x320

– Морам да ви кажам дека е убаво да си турист во Скопје, има многу работи кои треба да се видат, музеи, сите нови туристички места, па убаво е што конечно имам време да ги видам сите тие убави градби, а за останатото не можам да коментирам, ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредните денови и недели, рече Ванхауте.

Тој само кратко одговори дека во моментов нема никакви преговори.

Ванхауте е дел од настанот на неформалната група „На точак“, за кои ова е 46 Критична маса насловена „Ја поседуваш колата, а не патот“.