Славниот турски фудбалер Хакан Шукур, кој по завршувањето на кариерата и се оддаде на политиката и тоа токму како член на партијата на Ердоган, може да заглави до четири години в затвор поради навреди кон претседателот Реџеп Ердоган.

Тој на својот твитер-профил поставил неколку твита кои биле навредливи за претседателот на турската држава. Иако тој вели дека во твитовите не се споменува Ердоган, судот сепак ги прифатил аргументите дека тие се насочени кон претседателот на Турција, по што е покренато обвинението. Покрај Ердроган, навредите се насочени и кон синот на турскиот претседател.