Прес-секретарот на американското претседателство за прашањата на меѓународната антитерористичка коалиција Брет МакГрк изјави дека бројот на странските терористи во редовите на “Исламска држава” е намален од 35 на 25 илјади лица, пренесе ТАСС .“Во моментов во редовите на “Исламска држава” има до 25 илјади странски терористи од околу 120 држави.
Претходно нивниот број беше проценет на 35 илјади. По наши проценки во последните година и половина, или од почетокот на операцијата на меѓународната коалиција, терористичката група, во Ирак и Сирија, е ослабена. Таа се уште претставува сериозна закана во регионот и се обидува да го шири своето дејствување на други региони на светот “, рече тој. ВВС на САД почнаа бомбардирање против позициите на исламистите во Ирак на 8 август, а во Сирија на 23 септември 2014 година во Ирак заедно со американската авијација учествуваат авионите на Австралија, Велика Британија, Јордан, Канада, Холандија и Франција, а во Сирија – оние на Австралија, Бахреин, Велика Британија, Јордан, Канада, ОАЕ, Саудиска Арабија, Турција и Франција.