– Компании од 20 држави учествуваат во снабдување со компоненти, што Исламска држава ги користи за изработка на експлозивни направи, се наведува во извештајот нарачан од Европска унија.
Во извештајот се посочува дека 51 компании од неколку држави, меѓу кои Турција, Бразил и САД, произвеле, продале или добиле поголем дел од 700 компоненти кои ИД ги користи за изработка на експлозивни направи.
Според организацијата „Конфликт армамант рисрч“, која го следи движењето на конвенционалните оружја и муниција во зоните на судири, тврди дека 13 фирми од Турција учествувале во снабдувањето на компоненти за експлозивните направи на ИД, како и седум фирми од Индија.
Во извештајот се посочува и дека во снабдувачката мрежа учествуавле и фирми од Бразил, Романија, Русија, Холандија, Кина, Швајцарија, Австрија и Чешка.
Компоненти биле откриени и при големите битки околу ирачките градови Рабија, Киркук, Мосул и Тикрит и сирискиот град Кобане