Луси и Марија Елмер се близначки, иако никој не може да поверува кога ќе се запознае со нив. Причината е дека двете девојки се … сосема различни!

Луси е со светла кожа, црвеникава права коса и сини очи, додека Марија е целосна нејзина спротивност – со кадрава црна коса, темна кожа и кафени очи. Вистината е дека причината за разликата меѓу 18-годишните сестри се крие во мешаното потекло на нивните родители – татко им е бел, додека нивната мајка е половина од Јамајка.

Така двете близначки се единствен случај на милион, според кој од мешани родители има шанса да се родат бебиња близнаци со различна боја на кожата.

“Никој не ни верува дека сме близначки, поради фактот дека јас сум бела, а Марија темна. Дури и кога ќе се облечеме подеднакво, ние не изгледаме како сестри, а што останува како близначки, вели Луси.
