Старбакс во Велика Британија внесува алкохол во менито

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Синџирот кафетерии “Старбакс” (Starbucks) во Велика Британија ќе додаде во менито алкохол за привлекување на посетители, пишува весникот “Дејли Меил” (Daily Mail).4679721

“Стигнавме до заклучок дека и во вечерно време посетителите сакаат да одат во кафуле, наместо во бар”, вели потпретседателот на американската компанија Рис Ли. Планирано е отворање на 100 специјални продавници “Старбакс ризрв” (Starbucks Reserve), во кои клиентите ќе бидат опслужувани од келнери. По 16:00 часот на посетителите ќе биде понудено вечерно мени кое вклучува вино и пиво со соодветните придружни мезиња, посочува РИА “Новости”.4679722

“Старбакс корпорејшн” е меѓународен синџир на кафулиња. Нејзината централа е во Сиетл, Вашингтон, САД, каде што е отворено првото кафуле.