Американската компанија “Спејси екс” (SpaceX) го одложи во последен момент истрелувањето на ракетата-носач “Фалкон 9” (Falcon 9).
Таа мораше да изведе во орбитата комуникациски сателит на луксембуршката компанија Ес И Ес (SES). Соопштението е на “Спејси екс”. Лансирањето требаше да се состои од воената база “Кејп Канаверал” во Флорида во 18:46 по локално време (петок во 00:46 мак. време).
Не се прецизира кога ќе биде преземен следниот чекор. Уште пред почетокот шансата временските услови да бидат поволни беше 80%