Може и да не сфаќате, но постојат некои работи кои не треба да се прават пред секс. Зошто ли? Бидејќи може да го уништи целото искуство! Кои се тие?
Не користете храна во љубовната игра
Дури и да ви се чини секси да намачкате нешто во вагината, што партнерот ќе треба да го открие и излиже, не го правете тоа. Храна е забранета на ова посебно место. Најчесто користените видови храна во љубовната игра се колачите, павлака, плодовите.
Шеќерот во нив потхранува габа во вагината, што го зголемува нејзиниот раст и предизвикува инфекции.
Не се бричете
Сакате да сте со мазна и мека кожа, кога омилениот ве допира, разбирливо. Но, бричењето непосредно пред секс може да предизвика сериозен осип на кожата, што се добива поради триењето на неговата кожа со вашата. Најлош е осипот предизвикан од машка брада, со која тој ја дразни нежната избричена кожа.
Не користете електрична четка за заби
Веројатно звучи лудо, но според некои истражувања електричната четка за заби и водата за уста содржат алкохолни соединенија кои го прават организмот повеќе подложен на сексуално преносливи инфекции.
Тоа е така, бидејќи електричната четка ги трие забите и непцата многу повеќе од обичната. Ова крие ризик од иритирање на непцата. Во прилог со тоа водата за уста може да го разрани дополнително што ве прави поподложни на инфекции при бакнување и при орален секс.
Не пијте премногу
Може и да ви дојде инспирација за секс после неколку чашки, но алкохолот делува како антидепресив. Значи способноста да доживеете оргазам ќе биде повеќекратно намалена, ако сте си напиле повеќе. Кај жените се забележува вагинална сувост, која ги влошува работите.
Не јадете зачинета храна
Зачинетата и лута храна може да е афродизијак, но не се препорачува непосредно пред секс, бидејќи можат да предизвикаат непријатен вагинален мирис или вкус. Покрај тоа зачинетата храна може да предизвика гасови, кои при притисок за време на секс ќе излезат на својот непријатен начин. Не сакате да се посрамите, нели?
Не пијте антихистаминик
Антихистаминици се хипоалергични препарати кои имаат својство да предизвикуваат поспаност. Веројатно не сакате да заспиете за време на секс!
Покрај тоа, тие можат да предизвикаат вагинална сувост, што ќе го направи сексуалниот чин болен и непријатен. Ова се случува затоа што влијаат на слузните мембрани во вагината и ги прават инертни.