Астронаут од НАСА објасни дали видел вонземјани од модулот Cupola

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Астронаутот на НАСА Џефри Вилијамс  го демантираше соопштениeто, направено во американски документарен филм за тоа дека за време на една од експедицијата до Меѓународната вселенска станица тој божем бил видел вонземјани.20160226.rvqoklubly

На американскиот астронаут му претстои четврт лет до МВС како член на меѓународен екипаж, пренесува РИА Новости. “Многу гласини по тој повод одат на интернет. Навистина, пред неколку години бев споменат во документарен филм, според кој јас сум се наоѓал во модулот Cupola и сум видел вонземјани. Можам да ве уверам дека навистина многу работи се случувале на станицата, но секое едно од нив има разумно објаснување, раскажа Вилијамс на прес-конференција во ѕвездено гратче крај Москва. поддржувајќи го го и неговиот колега од новиот екипаж – космонаутот од Роскосмос Олег Скрипочка.

“Јас исто така ќе споделам некои впечатоци од претходниот лет до МВС. Во една прекрасна месечева ноќ на Земјата забележав од палубата на станицата една многу сликовита и видлива дамка на земјината површина. Мојата прва мисла беше – еве го историскиот момент кога гледам манифестација на вонземски разум. Но, откако направивме “бреинсторминг” заедно со екипажот и стручњаците, откривме дека тоа е само “Месечевата сенка”, рефлектирана во атмосферата на Земјата “, раскажа Скрипочка.

Лансирањето на новиот екипаж со ракетата-носач” Сојуз-ФГ “на вселенскиот брод “Сојуз ТМА-20м” е планиран за 19 март 2016 година од Бајконур. Планираното времетраење на експедицијата е 173 деноноќија. За МВС летаат Александр Овчинин, Олег Скрипочка (Роскосмос) и Џефри Вилијамс (НАСА).