
Министерот на воените сили на САД Дебора Џејмс во петокот ги претстави првите слики од новиот бомбардер со голем дострел на компанијата “Нортроп Груман” и ќе биде означен како B-21, додека компанијата “Боинг”, која загуби на државниот тендер, најавија дека повеќе нема да поднесе жалба за тендерот, пренесе Reuters. Џејмс ги покажа првите скици на тајниот бомбардер на годишниот воздухопловна симпозиум. Таа појасни дека името на новиот авион ќе биде избрано со конкурс меѓу припадниците.
Програмата за развој му е чубвана во тајност уште од самиот нејзиниот почеток, стравувајќи од откривање на воени тајни на потенцијалните непријатели.
“Нортроп Груман” освои договор вреден 80 милијарди долари во октомври за развој и изградба на 100 нови бомбардери, но работата се забави со месеци додека властите го разгледуваат протестот на “Боинг”.