36 годишниот владетел на Зимбабве, Роберт Мугабе денеска го одбележува својот 92-от роденден. И оваа година ќе помине во знакот на раскошната гозба што предизвикува негодување во оваа сушна и осиромашена земја.

Роденденот ќе се слави во Масвинг во југоисточна земја, а се очекува дека ќе бидат потрошени 800.000 американски долари, наведуваат државните медиуми.
Поканети се околу 50.000 гости, на менито има стотици килограми говедско и месо од дивеч, изјави Пупураи Тогарепи од подмладокот на владејачката партија Zanu-PF.
Засега не се знае дали гостите ќе ја дадат и месо од иконата на дивиот свет – слоновите, како што тоа беше при минатогодишната прослава на роденденот за која беа потрошени милион долари. Шестдневното славење започна на 21-ви февруари, на роденденот на Роберт Мугабе, кој е еден од најдолговечните владетели на светот. Оваа јужна африканска држава ја водеше како премиер и претседател од стекнувањето на независност на Зимбабве од Велика Британија, од 1980 година.
– Невработен сум и тешко дека можам да си дозволам пристоен оброк. Тоа се прашањата на коишто треба да им се посвети Мугабе“, вели за DPA 44-годишниот Таванда Хангас, инаку учител кои бил принуден да стане трговец со овошје во главниот град Хараре.
Но, партијата Zanu-PF ги одбива критиките дека таквата екстравагантност не е пригодна за регионот погоден од сушата, поради што илјадници луѓе немаат доволно храна.
– Роденденот е важен, тоа е како раѓањето на Исус, кој е роден да нé спаси, на ист начин претседателот Мугабе е роден 1924 година за сите нас да нé ослободи“, ја пренесуваат медиумите изјавата на Тогарепи.
Критичарите велат дека Мугабе, со тоа што протера илјадници белци земјопоседници, предизвикал економски пад на земјата којашто претходно беше позната како житница на регионот, а во која и денес, според процените, повеќе од 80 отсто од работната сила е невработена.
Зимбабве, исто така, е зафатен од суша која ја предизвика климатскиот феномен Ел Нињо. Владата неодамна упати меѓународен апел за помош од 1,6 милијарди долари за да се покрие увозот на храна за три милиони луѓе.