Научен пробив: Успешно пресадена вештачка ретина

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Француската компанија “Пиксиум визион”, разви системи за обновување на видот, и соопшти дека е извршено првото успешно пресадување на вештачка ретина “Ирис 2”, соопшти Франс прес.20160227.kfnwzqxhdt

Специјалистите од фирмата се надеваат дека нивниот производ ќе биде ставен на европскиот пазар во средината на 2016 година. Вештачката ретина е опремена со 150 електроди, три пати повеќе од прототипот “Ирис 1”. Таа го стимулира вештачки недостатокот на ретина и е наменета за пациенти кои го изгубиле видот поради пигментен ретинит – болест која поразува меѓу 20 и 40 илјади лица во Франција.

Пресадувањето било спроведено врз 58-годишен пациент под раководство на проф. Мишел Вебер од офталмолошки тим на специјализираната болница во Нант. Тој е опериран во јануари. Претстојат уште околу десет графтови на “Ирис 2” во различни специјализирани европски очни центри.