Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) остро го осуди нападот врз претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

– Македонска алијанса за европска интеграција, како и Македонците во Албанија се шокирани од вчерашното бруталното насилство врз претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров. За нас тоа е антимакедонски чин и варварски акт со кој се сака да се внесе страв меѓу Македонците, стои во реакцијата на МАЕИ.
За МАЕИ нападот врз Тодор Петров е напад врз сите Македонци каде и да се наоѓаат.
Бараме од надлежните институции на Република Македонија да ги пронајдат насилниците и напаѓачите и соодветно да ги казнат. Македонска алијанса за европска интеграција, како и Македонците во Албанија му посакуваат на Тодор Петров побрзо оздравување и закрепнување, стои во реакцијата на МАЕИ.