Горбачов: Новата студена војна е факт, нема да стојам настрана

од desk3
101 прегледи

Новата студена војна е факт. Ова го изјави поранешниот советски претседател Михаил Горбачов, цитиран од агенцијата “Новости”.

Според него, проблемите не може да бидат решени преку борбени дејства и враќање кон милитаризација. Тој додава дека е потребна конструктивна политика и водење на дијалог.

gorbachev-is-no-longer-a-president-putin-is-not-yet-a-president-1994

“Сметам дека сега доживуваме таков опасен период. Тој може да доведе како минимум до нова студена војна. Таа веќе е факт. И оној кој мисли дека ќе победи … Сето ова е глупост! Ниту ние ќе се предадеме ниту тие ќе подлегнат. Едно е потребно: да се занимаваме со светска политика, конструктивна политика. И да се движиме кон светот. “- Коментира Горбачов, непосредно пред да наполни 85 години, во интервју за телевизискиот канал Рен ТВ.

Тој додава дека наскоро ќе излезе со конкретни предлози во оваа насока, како и дека нема намера да стои настрана од политиката.

“Не излегувам од политиката … 55 години сум во неа. Немам планови. Имам само еден план – нема да стојам настрана. “- Категоричен е екс-претседателот.

Поранешниот шеф на ФБИ: Спремен сум на се , и за пристап до поштата на Лавров

Тој вели дека подготвува статија која му е тешко да ја наслови, бидејќи во неговиот ум постојано испливува “Војна и мир”. Според Горбачов, одговорот може да биде само “мир”.

“Многу луѓе мислат – и јас сум блиску до тоа видување – дека веќе тече граѓанска војна. Тече трета светска војна. Веќе стрелаат. Се применува оружје за масовно уништување. Колосална се зголемуваат воените трошоци. Станува сè она што пред време нè доведе до работ на пропаста. Првото што би рекол – да го спречиме. Но, како да го спречиме, откако се појавуваат нови земји со оружје? Заканата за светот е голема. “- Предупредува Горбачов.

Според него, ОН е се турнати настрана од нормализирањето на ситуацијата во светот – организацијата прави премалку, а силите на организацијата треба да се користат. Тој додава дека создавањето на ОН било огромен успех за човештвото.

Во меѓувреме САД демонстративно тестираат нуклеарно оружје

20160229.wchvllgmos

На амаеринска страна пак, она што потсетува на стодената војна е дека американските го извршиле вториот неделен тест на интерконтинентална балистичка ракета (МБР). При лансирањето присуствувал заменикот на министерот за одбрана на САД Роберт Ворк. Според него, доколку е потребно Вашингтон е подготвен да користи нуклеарно оржје.По тој повод политикологот Ден Глејзбрук изјавил за RT дека “искушенијата и особено широкото обелоденување е вообичаена тактика на САД. Нејзината цел е да се закануваат на другите земји, за да ги извршуваат насоките на Вашингтон, а така исто демонстративно да потсетуваат дека САД имаат нуклеарно оружје и се подготвени први да го употребат.

Според Вашингтон, балистички ракети обезбедуваат безбедност во целиот свет. Без разлика, сепак, дека САД вршат такви тестирања, слични активности на други земји, како Северна Кореја, продолжуваат да предизвикуваат кај нив стравувања.

“САД се една од ретките држави кои се подготвени први да го активираат нуклеарно оружје не само во случај на закана од нуклеарен напад, но и во услови на војна со употреба на обично вооружување. Вашингтон сака да добие монопол врз нуклеарно оружје од највисока класа, за да има можност да го користи во своето дискреционо право “- резимира Глејзбрук.