Германија: Расисти и ксенофоби не им дозволуваат на бегалците ни да се симнат од автобус, се палат центрите за бегалци

од desk3
96 прегледи

Побеснета толпа им пречи на бегалците во Клаузниц да слезат од автобусот. Престапите таму ја збунија цела Германија. Ќе успееме ли да покажеме дека не сме расисти и ксенофобијата, прашува Налан Сипар одDW.

0,,18679586_303,00

“По ѓаволите”, се засрамив мисловно и се повлеков во себе. Професорка по германски беше најавено дека ќе чита “бисери” од последните контролни по германски. Уште првата реченица, донесена од неа, ги потврди најлошите стравувања. “Бисерите” беа од моите контролни. Во тоа време бев 15 години и се наоѓав во Германија едвај шест месеци. Бев пристигнала како бегалец во земјата, без да знам германски и природно правев граматички грешки. Професорката по германски сепак не се двоумеше да ме направи за смеа, а моите соученици се забавува одлично. Се вцрвив од срам и сакав да потонам во земјата. Дури кога се прибрав дома и ја плакнев болката пред татко ми, наставник по професија, ми олесна малку. Но никогаш нема да го заборавам понижувањето од оној ден.

И Клаузниц не може да биде заборавен

И бегалците во Клаузвиц едвај ќе го заборават денот на своето пристигнување таму /18.2/. Да се ​​споредува моето премногу безопасно искуство со расистичките испади во Клаузниц веројатно изгледа малку несоодветно.

Но и детето кое слезе од автобусот со бегалците кое плачеше, исто така, нема да го заборави овој ден. Насекаде ќе го слуша татнежот на толпата и ќе ги сонува овие луѓе. Ставете се за миг на неговото место! Што ќе помислите за новата татковина и идните соседи по сличен прием? Зарем дали би сакале да живеете со такви луѓе и да се интегрирате во нивното општество?

Ако се надеваме и очекуваме бегалците да се интегрираат, ако сакаме да ги победиме како добри соседи, треба задолжително да се потрудиме за да заборават што се случило во Клаузниц. Можеби нема да ни успее целосно, но барем треба да се обидеме.

Бегалците сега имаат потреба од искусни психолози, кои ќе ги излекуваат невидливите рани. Познато е дека трауматските искуства на луѓето, кои избегале од војни и други ужасни настани, можат да предизвикаат кај нив крајни ефекти вклучувајќи и обиди за самоубиство.

А вчера пак голем пожар пламна во центар за бегалци во источниот германски град Зенеберг в
Тој е зафати последниот кат на зградата. Сите луѓе се евакуирани, една жена е однесена во болница. Полицијата ја испитува инцидентот, и не исклучува причината да е подметнување.

Тоа не е народот!

Бегалците имаат потреба од искусни педагози кои трпеливо ќе им ги објаснат вредностите на нашето општество и да ги научат на германски. Потребна е политика која ги почитува и им дава право на глас за нивната иднина.

Секој човек кој доживеал непријатни работи кои не се забораваат цел живот – како што јас не го заборавам моето понижување на часот по германски. Јас сепак имав среќа што имаше кој да ме утеши и успокои. Тоа ми даде сила да се соочуваам повторно. Така и бегалците во Клаузниц имаат потреба од помош. Особено оние кои дошле сосема сами во Германија и не можат да очекуваат родителска утеха.

По она што се случи во Клаузниц на бегалците им треба луѓе кои ќе им докажат дека не сите во Германија се како оние од толпата која громогласно тврди: “Ние сме народот”. Бегалците имаат потреба од луѓе кои ќе се вклучат со каузата на новодојденците и да ја претворат во своја лична кауза. Луѓе кои како Алберт Ајнштајн знаат дека “светот е загрозен повеќе од оние кои трпат и поттикнуваат злото отколку од самите злосторниците”.