Важно! YouTube изненади со нова политика за повлекување на клипови

од desk3
105 прегледи

YouTube најави нова политика за барањата за т.н.. takedowns или преземања на видео содржини од сајтот поради причини поврзани со нарушени авторски или други права. Конкретен повод за активностите на компанијата е скок од барања за отстранување на клипови, кои се забележуваат во последно време. Меѓу нив се најде и најразлична содржина, вклучувајќи и за популарната видео игра Call of Duty.

20160229.eynkfkojkt

Тоа предизвика бран од незадоволство во креаторите на содржини за познатиот сајт, кои стравуваа дека тие не прават доволно и се потпираат премногу на автоматизираниот систем.

Како одговор на овие поплаки, YouTube најави дека создава посебен тим, чија задача ќе биде внимателно да ги следи ваквите барања и да се ограничи до минимум погрешното симнување на видеа како резултат на нив, ако нема законска причина. Компанијата вети и целосна транспарентност кога презема ограничување на приходите од некој клип, како и сеопфатно подобрување на комуникацијата со авторите.

Саудиска Арабија има атомска бомба и наскоро ќе изврши тестирање (ВИДЕО)

Официјално YouTube негира скок во takedown барање, но е очигледно дека компанијата се обидува да дејствува превентивно, за да избегне поголема криза, која ќе и создаде лоша репутација и дури може да предизвика многу од креаторите на оригинални содржини да побараат друга платформа за докажување.