Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и манипулациите.

Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил 5 или 6 милиони евра во времето додека ВМРО ДПМНЕ е на власт. За аболицираниот мултимилионер Зоран Заев еден милион евра е незначителна разлика.
Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека се залага за враќање на средната класа, а според истражувањата на медиумите бизнисите на неговите фирми остваруваат фрапантни приходи од 12 милиони евра.
Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев сега го напаѓа Уставниот суд, а токму неговата сопартијка и сограѓанка Цветанка Иванова во 2009 година тврдеше дека противуставно било да се крателе ингеренциите на претседателот предвидени во Законот за помилување. Јавноста памети дека благодарение на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, аболицираниот мултимилионер Зоран Заев тогаш не одговараше за криминал тежок 8 милиони евра.
Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев зборува за слободни медиуми и слобода на говор, а предлага законски решенија со кои се воспоставува цензура, инсталација на Сорос и СДСМ со цел да може да се пресметува со оние кои не размислуваат како него. Ова е нивото на демократскиот капацитет на Заев и СДСМ, пресликан од ИСИС или Северна Кореја.
Аболицираниот мултимилионер Зоран Заев обвинува дека недостасувала инфраструктура во општина Илинден, но заборава на пустелијата која зад себе ја остава во Струмица.
Оттука ја разбираме потребата на аболицираниот мултимилионер Зоран Заев да се крие зад манипулации, флоскули, паушалност и голи лаги, за да ја покрие својата неспособност и безидејност.
Во Струмица од најавените 300 фабрики и 3000 работни места остана празната ливада во индустриската зона во Сачево. Од оваа општина Заеви си направиле приватна своина во која за секоја работа едно евро оди кај Вицето. Во Струмица Заев успеал да создаде еден механизам за исцицување на народните пари во џебовите на фамилијарните фирми по основ на тендери и јавни набавки. Овој систем на владеење во Струмица, граѓаните не сакаат да го видат во Македонија. Ова однесување не сакаат веќе ни во Струмица да го трпат и многу скоро граѓаните ќе му кажат референдумско НЕ на аболицираниот мултимилионер Зоран Заев и неговиот клан.
Лајт мотивот на денешниот говор на Зоран Заев само го покажува очајот кој владее во СДСМ. Опседнатоста на Зоран Заев да се споредува со општина Илинден очигледно го покажува неговиот психолошки мотив да се мери со успешни општини кои успеале да отворат фабрики, да обезбедат работни места и подобра егистенција на своите граѓани.
Граѓаните можат лесно да направат разлика помеѓу тоа што е направено во Илинден и тоа што не е направено во Струмица. Граѓаните лесно може да направат разлика помеѓу тоа што е реализирано во време на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што не е направено во време на СДСМ. Оттука го разбираме стравот на СДСМ и Зоран Заев да се соочат со фактите. Оттука го разбираме и стравот на СДСМ да се соочат со народот кој е мудар и знае да направи разлика.
Казната за ваквата деструктивна политика на СДСМ пристигнува и ќе го стаса по десети јубилеен пат по ред. Од тоа бегање им нема.