Нов рекорд беше поставен во социјалната мрежа Твитер, откако Леонардо ди Каприо ја доби престижната награда “Оскар”.
Само за една минута по прогласувањето на големиот победник на Оскарите на Твитер беа напишани 440 000 пораки полни со емоции и радост од веста.
Долгочекуваната статуетка на Леонардо стана најкоментираниот настан денес. Откако беше номиниран цели пет пати, 41-годишниот актер конечно го доби признанието на кино академијата во САД.
(ВИДЕО) Леонардо ди Каприо „се скраси“ и го посвети Оскарот на Планетата Земја
Актерот добива прва номинација за “Оскар” уште како тинејџер – за најдобар актер во споредна улога, со перформансот во “Зошто тагува Гилберт Грејп” од 1993 година. Тој беше номиниран и за филмот “Авијатичарот” (2005 година ), “Крвав дијамант” (2007) и “Волкот од Волстит” (2013 година).
Во обраќањето како познат еколог ди Каприо повика да ја чуваме животната средина.