Пациентите директно ќе може да се поврзат со своите матични лекари преку апликација на мобилен смартфон. uMotif овозможува на корисниците да го следат своето здравје, односно детално да се информираат и да ги забележуваат сите симптоми.

Со оваа напредна апликација имате можност да добиете потсетник за да ги земете лековите на време, да се води дневник за вашето здравје и да се провери колку физички сте активни во текот на денот и како тоа влијае на вашата моментална состојба.
Освен овие функции, дополнително uMotif има можност и за когнитивни игри со кои ќе ја тестирате состојбата на вашиоте мозок. Таму и ќе добиете повратна информација за резултатите од тестот.
Интересно е што со оваа апликација имате можност да ги испратите резултатите на вашиот матичен лекар.