Зошто жените денес ги изневеруваат мажите

од desk4
77 прегледи

Најпознатата жена сексолог во светот, Трејси Кокс вели дека причините поради кои мажите и жените изневеруваат се промениле со текот на времето. Ако жените некогаш изневерувале бидејќи престанале да ги сакаат своите момчиња и сопрузи, денес тоа го прават само поради чистата желба за нови сексуални искуства, најчесто додека сè уште се вљубени во своите партнери.

zeni-neverstvo

Ставот на жените за прељубата генерално е променет, па денес тие се осудуваат да прават некои работи на кои порано не смееле дури ниту да помислат. Како што вели Трејси, дамите чувствуваат извесна вина, но се трудат да ја ублажат кажувајќи си себеси дека се добри сопруги и мајки и дека аферата е нешто што ги развеселува, ги задоволува и ги прави живи.

Кокс истакнува дека аферата не значи задолжително дека тоа е нешто лошо за бракот. Напротив, често може да помогне во подобрување на машко-женските односи, со оглед на тоа што после прељубата жените се чувствуваат посамоуверено и посреќно, па поради тоа подобро се однесуваат кон своите партнери.

download (9)

Истражувањата покажуваат дека во денешно време дамите изневеруваат исто колку и мажите, со тоа што жените се многу помудри во прикривањето на своите траги од неверството. Иако изневеруваат со ист интензитет, потешко можете да ги откриете, па се чини дека сепак ги надминале мажите.