Дизајнерското студио “Alter Ego Arhitects” од Нови Сад создаде “глупав” мобилен телефон.
Станува збор за телефонот “OPhone”, кој е малку поголем од кредитна картичка и претставува комбинација меѓу напредна технологија и основните функции на мобилните телефони, пишува Startit.rs. Телефонот има E-ink екран кој заштедува од батеријата. Технологијата овозможува да го гледате екранот на вашиот телефон и при многу силна дневна светлина, без да мора да ја менувате осветленоста.

“OPhone” има едноставен интерфејс, составен само од симболи и броеви, без никаков текст со идејата да биде независен од јазикот. Буквите се појавуваат само кога сопственикот на телефонот сака да испрати порака. Според креаторите на “глупавиот” мобилен телефон од него може да имаат корист постарите луѓе кои не ги разбираат новите технологии, децата во училиште и сите кои се уморни од “паметните” телефони. 